ФИРМИ БЛИСКИ НА ЗАЕВИ ИНКАСИРАЛЕ МИЛИОНСКИ СУМИ ОД ИСКОП НА ЈАГЛЕН Биле подизведувачи на „Марковски компани“ и добро се омрсиле

Како подизведувачи на ископ на јаловина, се појавуваат фирмите „Сим Инженеринг'' и „Јавор транс", кои се во сопственост на Симеон и Горан Крстеви, луѓе од најблиското опкружување на Зоран Заев, кои со него беа уште од аферата „Глобал“, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

501

Фирми блиски до Заеви, како подизведувачи на „Марковски компани“, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција изјави дека на 3 октомври 2023 година, направена е рамковна спогодба за ископ на јаловина на РЕК со „Марковски компани“, во вредност од 25 милиони евра, во која подизведувачите ќе заработат 10% или 2,5 милиони евра.






Како подизведувачи на овој ископ на јаловина, се појавуваат фирмите „Сим Инженеринг” и „Јавор транс”, кои се во сопственост на Симеон и Горан Крстеви. Тие двајцата се луѓе од најблиското опкружување на Зоран Заев, кои со него беа уште од аферата „Глобал“.

Фирмите не се јавувале како изведувач на тендер, за во прво време да не бодат очи, но затоа потоа тие биле ангажирани како подизведувачи.

Ова е само еден од начините на кои парите од „Марковски компании“ директно се слевале во околината на Заев.

Само од еден тендер, две фирми подизведувачи во сопственост на луѓе блиски до Заев, заработиле 5 милиони евра.

„Затоа Заев и Филипче мора да бидат историја на политичката сцена“, изјави Манасиевски.

Поврзани содржини