ФИРМАТА ЗА СВИДЕТЕЛСТВАТА Е ОРГАНИЗАТОР НА УТРЕШНАТА ПРОСЛАВА „Арбериа Десигн“ добила дури 61 тендер за четири години
Речиси 100.000 евра чини договорот за целата забава. Само шведската маса и алкарт менијата ќе чинат 55 до 65 евра од лице, а изнајмувањето на ексклузивни хотели за гостите над 1.000 евра по лице. Македонските ѕвезди кои ќе настапат ќе добијат околу 7.200 евра од лице, додека бендовите 5.800 евра. За странските ѕвезди се искреширани околу 17.000 евра. Присутните ќе гледаат и спот во времетраење од една минута за тоа што е постигнато со Охридскиот договор, а истиот спот ќе чини нешто над 6.700 евра. За специјалното лого за прославата ќе бидат одвоени околу 1.700 евра.
Фирмата „Арбериа Десигн“ која ја организира утрешната скапа прослава на 21 годишнина од Рамковниот договор е истата која треба да печати свидетелства за учениците, открива Сител. Фирмата добила дури 61 тендер од државата во последните четири години, најмногу од институции со кои раководи ДУИ. Од Министерството за политички систем дури велат дека очекуваат прославата да прерасне во традиционален настан налик на европските фестивали.
Речиси 100.000 евра чини договорот за целата забава која треба да се одржи на плоштадот Скендербег во 21 часот. Само шведската маса и алкарт менијата ќе чинат 55 до 65 евра од лице, а изнајмувањето на ексклузивни хотели за гостите над 1.000 евра по лице. Македонските ѕвезди кои ќе настапат ќе добијат околу 7.200 евра од лице, додека бендовите 5.800 евра. За странските ѕвезди се искреширани околу 17.000 евра.
Присутните ќе гледаат и спот во времетраење од една минута за тоа што е постигнато со Охридскиот договор, а истиот спот ќе чини нешто над 6.700 евра. За специјалното лого за прославата ќе бидат одвоени околу 1.700 евра.
Самиот концепт на прославата ќе чини околу 3.800 евра, а по повод годишнината од реномиран поет ќе биде напишана стихотворба која ќе чини околу 5 ипол илјади евра.
За сите манифестации за одбележување на Охридскиот мировен договор од буџетот на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се одвоени средства во износ од 4.200.000 денари и за реализација на одбележувањето на годишнината е задолжена Агенција.
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека во време кога илјадници граѓани остануваат без работа и не знаат како да го преживеат месецот, премиерот Ковачевски и Артан Груби организираат приватна забава.