📷 ФИРМА САКАЛА ДА СЕ ОСЛОБОДИ ОД ОТПАДОТ И ГО ЗАПАЛИЛА Општина Аеродром казни загадувач со глоба од 10.000 евра
Со оваа казна, локалната самоуправа испраќа јасна порака дека нема да толерира неодговорно однесување кон животната средина. Општина Аеродром апелира до сите граѓани и компании да ги почитуваат прописите и да придонесуваат за чиста и здрава околина.
Во борбата против загадувањето, Општина Аеродром покажа нулта толеранција и изрече парична казна од 10.000 евра на правно лице кое било затекнато како пали отпад на отворен простор.
Инспекторите од Општина Аеродром, при изненадна контрола, констатирале дека на булевар Видое Смилевски-Бато бр.13 се пали градежен отпад. Ова претставува груба повреда на Законот за управување со отпадот и сериозно загрозување на животната средина и здравјето на граѓаните.
„Нема да дозволиме вакви постапки да останат неказнети. Секој кој ја загадува нашата околина ќе биде санкциониран“, велат од Општина Аеродром.
Со оваа казна, локалната самоуправа испраќа јасна порака дека нема да толерира неодговорно однесување кон животната средина. Општина Аеродром апелира до сите граѓани и компании да ги почитуваат прописите и да придонесуваат за чиста и здрава околина.
„Апелираме до сите граѓани да пријават секој случај на незаконско палење отпад. Само заеднички можеме да ја заштитиме нашата животна средина“, додадоа од Општина Аеродром.
Оваа акција на Општина Аеродром е пример за тоа како локалната самоуправа може активно да се вклучи во заштита на животната средина и да ги санкционира сите оние кои ја загадуваат.