🎥 ФИНСКА МОЖЕ ДА СТАНЕ СЛЕДНА ЦЕЛ НА ПУТИН Русија се подготвува за конфликт на Балтикот тврди руски пратеник

Ние многу добро разбираме дека Финска се претвора во друга Украина. Невозможно е да не се забележат овие процеси - изјави поранешниот руски воен командант и актуелен пратеник, Андреј Гургуљов, а рускиот воен аналитичар Јуриј Федоров тврди дека повторното создавање на воениот округ Ленинград имплицира дека Русија се подготвува за можни конфликти со балтичките земји и НАТО.

832

Андреј Гуруљов, поранешен руски воен командант и актуелен пратеник, на државната телевизија сугерираше дека Финска, членка на НАТО, би можела да биде следната цел на рускиот претседател Владимир Путин по Украина, пренесува Newsweek. Финска се приклучи на воената алијанса оваа година како одговор на сеопфатната инвазија на Путин на Украина.

Русија и Финска имаат заедничка граница долга 1.340 километри.






Гуруљов, поранешен заменик командант на Јужниот воен округ, беше гостин на државниот канал Русија-1. Клип од 27 секунди од неговото гостување беше објавено на Твитер од новинарот на Би-Би-Си, Френсис Скар.

-Ние многу добро разбираме дека Финска се претвора во друга Украина. Невозможно е да не се забележат овие процеси. Денес расположението во Финска е вжештено, им дадов конкретни упатства на моите колеги да погледнат што пишуваат Финците – и тоа е ужасно! Тие радосно велат „Петрозаводск е наш!“ и се друго“ – рече Гуруљов.

Во септември, финскиот јавен сервис Yle објави дека Русија ја развива својата воена база во Петрозаводск.

Претходно овој месец, независната руска истражувачка публикација Агентство, објави дека новиот претседателски декрет сугерира дека Москва би можела да се подготвува за конфликт со Финска и со балтичките земји. Рускиот воен аналитичар Јуриј Федоров за Агентство изјави дека повторното создавање на воениот округ Ленинград имплицира дека Русија се подготвува за можни конфликти со балтичките земји и НАТО.

Поврзани содржини