🎥 ФИНЕЦОТ ИЗЛЕЗЕ БЕЗ ГАЌИ НА ЕВРОВИЗИЈА Светот беше шокиран од скандалозниот настап

Претставникот на Финска на Евровизија, „Виндоус 95 мен“, ги изненади сите кога излезе на сцената без долна облека.

1,208

Вчера се одржа првата вечер од музичкото натпреварување „Евровизија 2024“ , а многу натпреварувачи го шокираа светот со своите настапи, меѓу кои и претставникот од Финска кој излезе на сцена без гаќи.

„Виндоус 95 мен“ (Windows95man), кој се претстави со песната „No Rules“, ги изненади сите кога излезе на сцената без долна облека.






Имено, тој излезе на сцената од големо јајце додека носеше маица, но без панталони или, пак, долна облека, а на целиот свет му го покажa голиот задник.

Неговиот настап на „Евровизија“ секако привлече големо внимание.

Неговите фотографии од скандалозниот настап веднаш се појавија на социјалните мрежи на кои луѓето ги коментираа овие сцени.

„Човек без долна облека на Евровизија… Па, тоа сѐ уште не сме го виделе”, „Ова нема смисла“, „Веќе ништо не нѐ изненадува“, е само дел од коментарите.

Поврзани содржини