ФИНАНСИСКИТЕ ДРУШТВА ДОНЕСОА КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ СО КЛИЕНТИТЕ Жалбите на клиентите ќе ги разгледува Етичка комисија

Етичката комисија ќе делува во рамки на Стопанската комора.

718

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора, во која има 22 членки, промовира Етички кодекс чија цел е подигнување на основните стандарди за функционирање.

На прес – конференција во Комората, претседателот на групацијата Никола Јошевски изјави дека со утврдениот Етички кодекс се подобрува услугата кон клиентите и се зголемува одговорноста при кредитирање на клиенти.






Овие друштва се занимаваат со давање кредити, кредитни картички, гаранции и оперативен лизинг.

– Утврдивме стандарди кои се повисоки од основниот минимум што го предвидува Законот за финансиски друштва и Законот за потрошувачки кредити. Формиравме и Етичка комисија која ќе ги разгледува сите забелешки и проблеми кои ќе се јават во нашата индустрија, односно членките на нашата групација. Со етичкиот кодекс предвидовме вредности со кои се обврзуваме да ги применуваме во нашата работа, а тоа се транспарентност, интегритет, професионализам, доверливост и одговорност. Овие вредности ќе ги применуваме во сите наши дејности, во комункација со клиентите и во одлучување при поднесени жалби, посочи Јопевски.

Кодексот е во функција на клиентите и членките на Групацијата, а секоја забелешка ќе биде разгледувана во Етичката комисија која делува во рамки на Стопанската комора.

Бројот на финансиски друштва во земјава е намален од 36 на 27 друштва затоа што девет финансиски друштва ги изгубиле лиценците, беше истакнато на денешната прес – конференција што се одржа во Стопанската комора.

Поврзани содржини