Финансиски скандал во ФФМ: Шефицата на сметководство осомничена за перење пари, претседателот не видел ништо

Уште 23 други лица се осомничени за се осомничени за злосторничко здружување, перење пари, злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно работење во службата, проневера во службата, измама во службата, фалсификување или уништување деловни книги и соизвршителство.

2,244

Управата за финансиска полиција поденесе кривични пријави по повеќе основи против 11 физички лица, како и против 14 правни лица, кои од 1 јануари 2015 година до 10 октомври 2019 година на незаконски начин се стекнале со противправна имотна корист во износ од 146.770.172 денар, соопштија денеска од Управата за финансиска полиција.

До Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје Управата поднела кривична пријава против лицата И.Ѓ. , претседател, О.М. раководител на Одделение за финансии и сметководство и Т.М. раководител на Одделот за судии и судење, сите од Фудбалската федерација на Македонија, како и Ѓ.Ч. сопственик и управител на правниот субјект Масон Инжинеринг ДООЕЛ Скопје; Н.Л. сопственик и управител на правниот субјект Сеф Компани ДОО Скопје; С.Т сопственик и управител на правниот субјект Усјепор ДООЕЛ Скопје; К.А, во својство на овластено лице во правниот субјект Км Емона ДООЕЛ Скопје; Е.Н. градежен инжинер во правното лице Балкан-Консалтинг ДОО Скопје; И.Т. сопственик и управител на правните субјекти Биро Копирс Ирина ДООЕЛ Скопје и Принт Примус ДООЕЛ Скопје; И.Т. сопственик и управител на правниот субјект ТП Оли-Вети Копирс Скопје; И. П. сопственик и управител на правниот субјект Идиомас ИП ДООЕЛ Скопје; Ј.Д. сопственик правниот субјект Спортико Трејд ДООЕЛ Скопје; И.Ш. сопственик и управител на правниот субјект Борографика ДООЕЛ Скопје; С.С. сопственик и управител на правниот субјект Елит Травел ДООЕЛ Скопје како и против горенаведените правни субјекти.






Физичките лица и фирмите, како што се наведува во соопштението, се осомничени за злосторничко здружување, перење пари, злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно работење во службата, проневера во службата, измама во службата, фалсификување или уништување деловни книги, соизвршителство.  Според Управата за финансиска полиција, со фиктивни фактури за наводно извршена продажба на стоки и услуги на ФФМ, правните субјекти се стекнале со противправна имотна корист.

– Пријавената О.М. во својство на раководител на Одделение за финансии и сметководство во ФФМ, со пречекорување на овластувањата на својата службена положба и во соизвршителство со сопствениците и управителите на пријавени правни субјекти, свесно и со однапред утврдена намера, во периодот од 01.01.2015 до 10.10.2019 година, врз основа на голем број фиктивни фактури, за наводно извршена продажба на стоки и услуги незаконски организирала и овозможила наплата на парични средства од ФФМ во вкупен износ од 31.017.640 денари – нагласуваат од Управата.

Пријавениот И.Ѓ, во својство на претседател на ФФМ, постапил несовесно во вршењето на службата, со пропуштање на должен надзор и внимание во вршење на своите овластувања и должности, со што ѝ овозможил на О.М. неосновано и спротивно на законот на штета на ФФМ да изврши исплата на парични средства од банкарските сметки на ФФМ на банкарските сметки на пријавените правни лица. Пријавениот И.Ѓ. е осомничен дека го сторил кривичното дело Несовесно работење во службата по член 353-в од КЗ на РСМ.

Со инкриминирани дејствија, пријавените физички и правни лица, во периодот од 01.01.2015 до 10.10.2019 година на незаконски начин се стекнале со противправна имотна корист во износ од 146.770.172 денари, оштетувајќи ја ФФМ – соопштуваат од Управата за финансиска полиција

Поврзани содржини