ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ПОВЕЌЕ ЛИЦА ВО ПРИЛЕП Сомнежи за злоупотреби во работата прилепската болница
Според неофицијални информации приведени се 27 лица, а меѓу уапсените има поранешни директори и високи функционери.
Повеќе лица се приведени денеска во акција на Финансиската полиција, поради сомнежи за сторен криминал во работењето на прилепската болница.
Според неофицијални информации приведени се 27 лица, а меѓу уапсените има поранешни директори и високи функционери, кои треба да дадат искази пред јавен обвинител.
ТВ21 објави дека сомнежите се за злоупотреби со јавните набавки во вредност од околу 800.000 евра.
Од Јавното обвинителство потврдија дека финансиската полиција постапува против повеќе лица за злоупотреби во работата прилепската болница.
„По наредби и насоки на Основното јавно обвинителство Прилеп постапува Управата за финансиска полиција. Се преземаат дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работата прилепската болница. Дејствијата се преземаат во моментов, а повеќе детали во текот на утрешниот ден“, информираа од Обвинителството.