ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО „СПАКУВАЛА“ МИЛЧО МАНЧЕВСКИ?! Одделот што го води обвинителот Бубевски ќе реши дали имало финансиски малверзации
Финансиската полиција, по наредба и во координација со обвинителството, скоро две години водела истрага за сомнителни трансакции на неговата продукција „Банана филм“.
Финансиската полиција до Основното јавно обвинителство – Скопје поднелa кривична пријава за режисерот Милчо Манчевски и за неговата фирма „Банана филм“, во врска со неговото и со финансиското работење на неговата фирма.
Според порталот НоваТВ, кој ја лиферува веста, славниот режисер Манчевски се гони за потрошени 950.000 евра државни пари, за кои тој не доставил извештај во Агенцијата за филм.
Истрагата во УФП почнала по поднесена кривична пријава од Агенцијата за филм на РСМ доставена во Основното јавно обвинителство. Финансиската полиција, по наредба на ОЈО и во координација со обвинителството, скоро две години водела истрага за сомнителни трансакции на на „Банана филм“. Според извор на Плусинфо од обвинителски кругови, пријавата на Финансиската полиција е поднесена во ОЈО Скопје, во одделот што го води обвинителот Гаврил Бубевски.
Истрагата покажала сериозни индиции за проневерени буџетски средства, тврди порталот Нова ТВ и додава дека за УФП биле спорни и паричните трансакции на „Банана филм“, продукцијата на Манчевски, која парите ги насочувала кон неговата компанија во Њујорк, за што, и за овој случај, биле известени сите надлежни инстанци, меѓу кои и Државната комисија за спречување корупција.
Во меѓувреме, во февруари, Милчо Манчевски објави дека ја тужел Агенцијата за филм. затоа што, како што тврди, незаконски одбивала да го исполни потпишаниот договор и да ја исплати екипата за филмот „Кајмак“, кој бил завршен пред две и пол години.