ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УПАДНА ВО ДОМОТ НА ПРАТЕНИКОТ ЈАУЛЕСКИ Се врши претрес во фирмата на татко му

Пратеникот вели дека тоа е последен обид на власта за заплашување пред денешното гласање недоверба во Собранието

1,626

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески на Фејсбук објави дека во неговиот дом упаднала Финасиска полиција.

„НЕ ВИ СЕ ПЛАШИМЕ, ДЕНЕС ХИБРИДНИОТ РЕЖИМ ЌЕ ЗАВРШИ! Од 5.30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција!“ , напиша Јаулески на Фејсбук.






– Утрово во домот каде што живеат моите родители во 05.20 дојде финансиска полиција со налог и изврши претрес за истражна постапка за фирмата каде што работи мојот татко. Ова го толкувам како последен обид на власта за заплашување пред денешното гласање недоверба во Собранието – изјави Јаулески за телевизија Телма.

Од неговата партија ВМРО-ДПМНЕ реагираа со соопштение во кое се вели:

„Тоа што во домот на пратеникот Јован Јаулески утрово, упадна финанасова полиција и МВР на Оливер Спасовски на денот на гласање за доверба на влада, значи само дека режимот на Зоран Заев е очаен, во распаѓање и не одбира средства за притисоци и уцени врз пратениците. Таквите методи својствени за Чаушеско ќе бидат жестоко поразени“.

Нема информација од Финансиската полиција дали и зошто е направен претресот.

Поврзани содржини