Финансиска инјекција за Италијанците – доаѓаат 400.000.000 евра

Спортот не е само фудбал, а фудбалот не е само Серија А. Парите ќе одат како помош и на основните спортови на аматерско ниво. Сигурен сум дека мерката ќе биде двигател - рече Спадафора

806

Италијанската Влада ќе издвои 400 милиони евра за обнова на спортот во земјата, изјави министерот за спорт, Винченцо Спадафора. Со мерката ќе бидат опфатени сите спортови и на аматерско и на професионално ниво.

– Спортот не е само фудбал, а фудбалот не е само Серија А. Парите ќе одат како помош и на основните спортови на аматерско ниво. Сигурен сум дека мерката ќе биде двигател – рече Спадафора за „Ла Република“.






Тој очекува да има барања за промени по завршување на кризата.

– Клубовите живеат во „балон“, надвор од своите можности, почнувајќи од платите на фудбалерите. Мора да сфатат дека по оваа криза, ништо повеќе нема да биде како што било“ – додаде италијанскиот министер за спорт.

Поврзани содржини