ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ЌЕ ЧУКНЕ НА ПОРТАТА НА ГРАД СКОПЈЕ Ќе се истражува како Арсовска без тендер за украсувањето потрошила 30.000 евра
Градоначалничката Арсовска во еден поткаст, каде што е редовен гостин, јавно се пофали дека Градот годинава за оваа намена потрошил 30.000 евра, наместо претходните години кога цифрата се движела помеѓу 90.000 и 245.000 евра.
Украсувањето во главниот град за кое градоначалничката Данела Арсовска тврди дека чини само 30.000 евра, е причина следната недела Управата за Финансиска полиција ќе отвори предмет бидејќи ниту на страната на Град Скопје, ниту на веб страницата на Јавни набавки нема отворен тендер за оваа намена.
Инаку ова доаѓа откако Арсовска еден поткаст, каде што е редовен гостин, јавно се пофали дека Градот годинава за оваа намена потрошил 30.000 евра, наместо претходните години кога цифрата се движела помеѓу 90.000 и 245.000 евра.
Од Јавното обвинителство велат дека за да постапат, прво Финансиска ќе мора да оформи предмет.
– Со оглед на изнесените наводи во конкретниот случај, Управата за финансиска полиција како орган надлежен за откривање на евентуални кривични дела и контрола на финансиските текови има надлежност да ги испита сите околности и да достави соодветно известување или пријава. Доколку Финансиската полиција не постапи, обвинителството ќе оформи предмет и ќе нареди да се извршат сите проверки – велат од Обвинителство.
И да е новогодишното украсување подарок од општествено-одговорни фирми, како што велеше Арсовска за минатите две години, тоа треба јавно да се декларира, оти постои опасност од корупција ако тие фирми добиваат тендери од Градот во иднина. Освен тоа, и да е подарок, тој што решил да донира, треба да плати данок. Тој што решил да даде донација согласно Закон за донации и спонзорства треба да спроведе процедура за да добие решение од Министерство за правда за ослободување на данок односно донација од јавен интерес, пишува СДК.
Според член 40 од Законот за јавни набавки за набавкаа стока или избор на идејно решение во вредност над 1.000 евра без ДДВ, се распишува јавна набавка.
Инаку на веб-страницата за Јавни набавки меѓу последните тендери на Град Скопје е тој од 15 декември при што главниот град за купување новогодишни пакетчиња оваа година најмногу пари ќе потроши 750.750 денари без ДДВ или 12.200 евра.