Финансии за 19 студентски и ученички домови за подмирување режиски трошоци

Министерствотио за култура е задолжено да не ги исплаќа финансиските средства на корисниците без да ја утврди законската основаност за тие средства.

272

Владата на денешната седница донесе 19 одделни одлуки за доделување финансиски средства на 19 студентски и ученички домови во државата со подмирување на режиски трошоци (за вода, електрична енергија, греење), набавки за храна за ученичките и студентските домови заради настанати непредвидливи ситуации од последиците од пандемијата со ковид-19, соопшти владината прес-служба.

На владината седница е разгледана и усвоена Информацијата за вкупните неисплатени обврски на Министерството за култура за проектите избрани на годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2020 година. Министерствотио за култура е задолжено да не ги исплаќа финансиските средства на корисниците без да ја утврди законската основаност за тие средства.






– Во врска со ова Владата го задолжи Министерството за финансии преку Секторот за финансиска инспекција да изврши контрола во Министерството за култура кое доби обврска по извршените финансиски контроли да ја информира Владата на Република Северна Македонија за констатираните состојби и за мерките преземени по наодите од тие контроли – информираат од Владата.

Поврзани содржини