Финансии, МНР и администрација се новите министерства кои одат во рацете на ДУИ, Џафери останува претседател на Собранието

5,947

Министерствата за финансии, надворешни работи, економија, животна средина, информатичко општество и администрација и вицепремиер за политички систем се ресорите со кои ќе раководи ДУИ, брифира за Плусинфо висок функционер од ДУИ откако лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети на прес конференција соопштија дека паднал договор за новата влада.

Според функционерот, министерството за финансии ќе го раководи Фатмир Бесими, поранешен министер за одбрана и екс вицегувернер.






За другите ресори засега не се откриваат имиња. Речиси е извесно дека Садула Дураку нема да биде вицепремиер за политички систем и дека тука се очекува нов кадар.

Како што веќе беше соопштено на прес конференцијата Талат Џафери и во новиот мандат ќе биде претседател на Собранието. Според информации на Плусинфо, потпретседателот на ДУИ Изет Меџити ќе биде новиот координатор на пратеничката група на ДУИ.

Доколку информацијата за распределбата на ресорите се потврди кај интегративците остануваат министерствата за економија, животна средина и за политички систем, додека финансии, надворешни работи и информатичко општество се новите ресори со кои ќе управуваат кадри од партијата на Ахмети.

Во минатиот владин состав ДУИ раководеше со вицепремиерските места во политички систем и евроинтеграциите, економија, образование и животна средина. Оценката на ДУИ за распределбата на владиниот колач е дека сега имаат посилни министерства.

Поврзани содржини