ФИНАЛЕТО ОТКАЖАНО ОД БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ Се огласи ЕХФ по хаосот со навивачите на АЕК

Иако нема официјална потврда од клубот, според достапните информации, грчкиот тим се повлекол од натпреварот под притисок од своите навивачи.

2,898

Натпреварот што требаше да биде кулминација на европската ракометна сезона за македонскиот клуб Алкалоид не се одигра. Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално соопшти дека реванш-финалето од Европскиот куп против АЕК Атина е откажано поради безбедносни причини.

„Финалето на Европскиот куп на ЕХФ, помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина, е откажано поради безбедносни причини. Дополнителни информации за понатамошните процедури ќе бидат соопштени навремено“, стои во соопштението на федерацијата.

 






Иако нема официјална потврда од клубот, според достапните информации, грчкиот тим се повлекол од натпреварот под притисок од своите навивачи. Над 200 фанови на АЕК пристигнале во Македонија без влезници и не биле пуштени да влезат на трибините. Во знак на револт, тие му поставиле ултиматум на сопственикот и на управата на клубот – да не настапат на натпреварот, заканувајќи се со последици доколку не го послушаат.

ЕХФ допрва ќе одлучува за идните чекори, вклучувајќи и можната распределба на трофејот, кој засега останува без сопственик, и покрај тоа што Алкалоид имаше предност од четири гола (29-25) од првиот меч во Атина.

ФИНАЛЕТО ПРЕКИНАТО ПРЕД ДА ПОЧНЕ Алкалоид и АЕК нема да играат вечерва, ЕХФ ќе решава што понатаму

СКАНДАЛ ВО САЛАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ АЕК го саботира мечот во Скопје поради притисок од своите навивачи

Поврзани содржини