ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ ВО ПАРИЗ Маскирани крадци со јажиња влегле во хотелот каде што живее Лионел Меси

Според медиумите, маскирани крадци успеале да влезат во хотелот спуштајќи се со јажиња од покривот, но засега лицата остануваат неидентификувани за француската полиција.

965

Во луксузниот хотел во Париз каде што живее аргентинскиот фудбалер на ПСЖ, Лионел Меси, се случил фимлски грабеж и неколку гости останале без своите пари и накит, објавија англиските таблоиди, додавајќи дека апартманот на Меси не бил мета на крадците.

Според медиумите, маскирани крадци успеале да влезат во хотелот спуштајќи се со јажиња од покривот, но засега лицата остануваат неидентификувани за француската полиција.






Ограбени биле четири апартмани од каде што биле украдени пари и накит, но за среќа не бил на удар и апартманот на семејството на Меси.

Инаку, Аргентинецот е сместен во апартман за кој едно ноќевање во хотелот „Ројал Монсо“ чини околу 20.000 евра.

Поврзани содржини