Посетителите на филмскиот фестивал „Преку езерото” во Стар Дојран вечерва имаа посебно задоволство одблиску да го запознаат и да слушнат за животната и уметничката приказна на нашиот прв лауреат на наградата „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот, мајсторот на актерската игра, бескрајно вљубениот во човечките емоции и чистата актерска природност, почитуваниот Владо Јовановски.
Втората вечер од филмскиот фестивал „Преку езерото” започна со разговор со нашиот лауреат кој го водише нашиот пријател режисерот Саша Станишиќ, разговор, кој беше посветен на животниот и творечки пат на Владо Јовановски во уметноста на филмот. Следуваше блескавото актерско достигнување на Владо Јовановски во кусометражниот филм „Татко“ во режија на Светозар Ристовски. И најпосле, сите поситетели на „Преку езерото” имаа можност под ѕвездите на небото директно да поставуваат прашања за ѕвездата на платното.
Претходно, во предпладневните часови, како дел од студенската програма во овогодинешното издание на „Преку езерото“ се оддржа првиот пичинг на студенти на конкурсот за финансиска подршка на дипломски филмови. Високите температури не беа пречка талентираните млади да ги споделат своите идеи и планови со директорот на фестивалот Јани Бојаџи и Александа Русјаков – ментор за пишување сценарија.
Официјалното отворање ќе биде утревечер (9 август) со почеток од 20 часот во Амфитеатарот во Стар Дојран со доделување на наградата „Мето Јовановски“ на актерот Владо Јовановски, како и проекција на филмот „Руски конзул“, последниот филм на Мето Јовановски.
Со проекции на пет долгометражни филма, од кои четири играни и еден документарен, фестивалот, кој е единствен од ваков вид во Македонија, нуди програма за сечиј вкус, на отворено, на брегот на Дојранското Езеро.
Утре, во 20 часот, ќе му биде доделена наградата „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот на актерот Владо Јовановски. На свеченото отворање на фестивалот ќе биде прикажан филмот „Спроти брановите“ во натпреварувачката програма. Потоа на програмата се „Параноик“ на Андреј Георгиев, „Руски конзул“ на Мирослав Лекиќ од Србија и „И покрај тоа што е нож“ на Гилермо Гарсија Лопез од Франција.
В сабота, од 20 часот, публиката ќе ги види „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески од Македонија, 2023, „Сребрен бунт“ на Дан Шадур од Израел и „Волкот и мечката“ на Жан-Себастијан Бернар од Франција. Од 22.30 часот на програмата се „Тишина 6-9“ на Христос Пасалис од Грција, „Човекот што не можеше да молчи“ на Небојша Слијепчевиќ од Хрватска и „Блада“ на Кристофер Нилсон од Франција.
В недела ќе бидат прикажани „Ѕвездена“ на Александра Лазаровски од Србија и „Хотел Пула“ на Андреј Коровљев од Хрватска. Потоа ќе следува свечено затворање на фестивалот и доделување на фестивалските награди, како и на грантовите за дипломски студентски филмови. Во 22.30 часот ќе следуваат проекции на „Подрум“ на Омер Ферхат Озмен од Турција, „Лошо на момент“ на Даниел Соарес од Португалија и „Заразени“ на Себастијан Ваничек од Франција.