ФИЛМСКА ПРИКАЗНА Љубовта меѓу пејачката Дуа Липа и актерот Калум Тарнер би можела да послужи како сценарио за романтичен филм
Љубовната приказна на пејачката Дуа Липа и актерот Калум Тарнер би можела да послужи како сценарио за романтичен филм. Моментално, еден од најинтересните и најследените славни парови уште на почетокот сфатиле дека се сродни души, создадени еден за друг.
Актерот Калум Тарнер неодамна откри детали за почетоците на љубовната врска со пејачката Дуа Липа во едно интервју, а начинот на кој се запознале навистина звучи како сцена од филм.
Сè започнало во куќата на заеднички пријател во Лос Анџелес, кога Калум ѝ се приближил на Дуа и забележал дека таа ја чита книгата „Trust“ од Хернан Дијаз, која и тој ја држел во рака. Како да не била доволна таа случајност, се покажало дека двајцата штотуку го завршиле првото поглавје. Калум потоа со насмевка рекол: „Значи… на иста страница сме“ (или во превод: „Се чини дека сме на иста страница“, што може да се протолкува и како „исти сме, се разбираме“).
Дуа подоцна призна дека навистина го доживеала тој неочекуван момент многу интензивно и како знак. Не им требало долго време за да почнат да се забавуваат.
– Од самиот почеток, хемијата беше силна“, призна актерот. На папараците не им требаше долго време за да ги пронајдат и публиката брзо го доби својот нов омилен пар.
Тие се заедно од почетокот на 2024 година, а во меѓувреме се свршија, што многу зборува за длабочината на нивните чувства и нивните заеднички планови. Нивните познаници велат дека поради нивните напорни работни распореди, морале да најдат начин да ја одржат својата врска, и вложиле многу труд во тоа.
Според извори блиски до парот, тие имаат едно непишано правило: нема да дозволат да бидат разделени повеќе од три недели. Таа често лета директно од турнеја на неговиот сет, тој директно од снимање на аеродром. Кога не можат да се видат – тука е FaceTime. Со часови. Секој ден. Понекогаш заспиваат пред камерата – заедно.
– Полесно е кога спиеме заедно, макар и дигитално – вели актерот. Калум во неколку наврати изјави дека со Дуа „за прв пат чувствува мир и стабилност“, додека Дуа нагласува колку многу ѝ значат неговата смиреност и поддршка „без притисок и без фанфари“. Нивната врска досега изгледа како нешто што двајцата го чекале со години.
Пред Калум, Дуа имаше неколку врски кои беа медиумски проследени. Најдолгата и најбурната беше со моделот Исак Керју, со кого раскинуваа и се смируваа со текот на годините. Потоа следеше врска со Анвар Хадид, братот на познатите сестри Хадид, која на почетокот изгледаше како љубовна приказна, но не траеше долго.
После тоа, Дуа изгледаше целосно фокусирана на себе и на својата кариера – сè додека актерот не се појави со книга во раката.