ФИЛМСKА БРКАНИЦА НА ПАТОТ ОХРИД-КИЧЕВО Се обидел да удри полицајци со „ренџ ровер“, но…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К. М. (24) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста".
Поднесена е кривична пријава против лице од Охрид поради сомнение за напад врз службени лица.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К. М. (24) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста”.
Во недела на 14 април 2024 година на магистралниот пат Охрид – Кичево, пријавениот со своето возило „ренџ ровер” се обидел да удри полициски службеници кои вршеле службени дејствија и побегнал, а по кратко време на булеварот Железничка предизвикал сообраќајна незгода.