Филмска акција во шума: Мечка бркала планинар, а тој се качил на дрво (ВИДЕО)
Имено, неколку момчиња додека биле во автомобил за време на возењето во шумата покрај патот, забележале и снимиле момент кој не се гледа толку често.
Во последните месеци се повеќе луѓе имаат блиски средби со мечки. Снимката, за која се вели дека е во Босна, се шири на друштвените мрежи, а може да се забележи дека се одигрува вистинска акција во сред шума.
Имено, неколку момчиња додека биле во автомобил за време на возењето во шумата покрај патот, забележале и снимиле момент кој не се гледа толку често.
Тие за време на патувањето, забележале човек кој бил качен на дрво, а под него била мечка која го следела. Опасноста во која се наоѓал овој човек на секому ќе му внесе страв во коски, а се чини дека овој потег бил единствено решение за човекот, со цел да тргне на безбедно.
Снимката се споделува на друштвените мрежи, а оние кои можеле да ја погледнат, останале без зборови од ситуацијата во која бил овој човек.
Пред да заминете во природа имајте на ум дека дивите животни се секаде околува, информирајте се и подгответе се за тој поход, со цел да не завршите на некое дрво бегајќи од мечка, или пак од некое друго опасно животно.
Negde u Bosni 😅pic.twitter.com/vCGHqSkvS7
— MARFIJEV ZAKON 13K (@NenadBlagojevic) July 20, 2020