ФИЛМОВИ ЗА БУГАРИНОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Ковачевски вели историјата да им ја оставиме на историчарите

Добро е да им се остави на историчарите да зборуваат за историјата, а политичарите за политиката, рече Ковачевски.

956

Во одговор на новинарско прашање во врска со емитувањето на бугарски филмови на нашата територија, во кои ликот на македонскиот револуционер Гоце Делчев се прикажува како Бугар, Премиерот Димитар Ковачевски рече дека е отворен преговарачки процес со бугарската страна и дека се формирани работни групи кои работат во повеќе области како економијата, инфраструктурата и сл.

„Отворивме преговарачки процес со Република Бугарија, формирани се работни групи кои работат на полето на економијата, инфраструктурата, транспортот, денеска се реализираше првиот лет. Што се однесува до комисијата на историчари, добро е да им се остави на историчарите да зборуваат за историјата, а политичарите за политиката“, рече Ковачевски.

Поврзани содржини