ФИЛМ ЗА КИМ ЏОНГ-УН КОЈ ЌЕ ВЕ ЗАСМЕЕ Тој се бореше со снегот, дождот и ветрот… (ВИДЕО)

„Неговото тело целосно овенало, а тој ја покажа својата мајчина страна додека патеше и се грижеше за да се остварат соништата на народот“, вели нараторот во првиот дел од документарецот. На снимките е видливо дека Ким ослабел, а бидејќи народот на Северна Кореја одамна го немаше видено откако тој се повлече, ова ќе му биде добра прилика.

753

Урнебесно смешен, а навидум сериозен документарец за севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун бил снимен во неговата земја, а ќе служи за ширење на државната пропаганда на Северна Кореја. Во „Големата година на победата, 2021“ се опишува „страдањето“ на Ким кој лани ослабел, се борел со снегот, дождот и ветрот, но и со економската криза и гладот во земјата, санкциите, сушата и поплавите.

 






„Неговото тело целосно овенало, а тој ја покажа својата мајчина страна додека патеше и се грижеше за да се остварат соништата на народот“, вели нараторот во првиот дел од документарецот. На снимките е видливо дека Ким ослабел, а бидејќи народот на Северна Кореја одамна го немаше видено откако тој се повлече, ова ќе му биде добра прилика.

Ким е прикажан на едно градилиште, каде едвај чекори на импровизирани скали, држејќи чадор. Во вториот дел, тој јава на бел коњ покрај Генералот на севернокорејската армија, Пак Џонг Чон, а потоа се прикажани тенковите кои изведуваат вежби.

 

За многумина трагикомичен, документарецот ќе треба да ги убеди Корејците во исправноста на својот лидер. За потсетување, луѓето во Северна Кореја се соочија со огромен глад и мораа да јадат диви гуски, или барем така ги советуваше владата. Земјата исто така, не пријави ниту еден случај на коронавирусот во јавноста, иако никој точно не знае што се случува во нејзините граници.

Поврзани содржини