📷 ФИЛКОВ ВО МАЛТА ГО ПОТПИША ТРЕТИОТ ПРОТОКОЛ НА ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА Еве што содржи документот

Овој протокол овозможува директна електронска комуникација преку обезбедени канали што ќе ја забрза и поедноставни меѓусебната меѓународна соработка, а се овозможуваат и видео конференции кои ќе ги елиминираат трошоците за патувања и ќе ги намалат одложувањата во постапките, информираше Министерството за правда.

176

Денеска министерот за правда Игор Филков во Валета, Малта, каде во рамки на малтешкото претседателство со Советот на Европа се одржува конференцијата на министри за правда, го потпиша третиот дополнителен протокол на Европската конвенција за меѓусебна соработка во кривична материја.

Со тоа нашата држава е една од првите кои пристапија кон протоколот со што  јасно ја искажа својата определба активно да придонесува и учествува во заедничката борба против криминалот кој не познава граници.






„Овој протокол овозможува директна електронска комуникација преку обезбедени канали што ќе ја забрза и поедноставни меѓусебната меѓународна соработка, а се овозможуваат и видео конференции кои ќе ги елиминираат трошоците за патувања и ќе ги намалат одложувањата во постапките. Протоколот содржи и механизми, за ефикасна постапка“, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Поврзани содржини