Филиповска Грашкоска: Ниту еден инспектор нема законска можност за да влегува во приватни објекти

510

Претседателката  на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска денеска појасни дека инспекторите, според законите,  не можат да вршат инсепкциски надзор во приватни објекти, откако во јавноста излегоа видеа на журки и свадби во приватни викендици.

– Ниту еден инспектор нема надлежност да влегува во приватни објекти и не можат да контролираат вакви собирања, барем според сегашните законски овластувања – рече Филиповска Грашкоска.






Таа информира дека на барање на Инспекцискиот совет се направени измените на законите за да им се овозможат поголеми овластувања на инспекторите во услови на коронакризата.

Поврзани содржини