Филипинци ќе работат во германските болници каде има заразени со Ковид-19

1,091

Германската провинција Хесен има намера да донесе десетици здравствени работници од Филипини во обид да се справи со лекувањето на заразени со новиот коронавирус, јави ДПА.

Претседателот на Асоцијацијата на болниците во Хесен, Кристијан Хофтбергер во изјава за агенцијата рече дека добил дозвола да донесе околу 75 странски медицински лица во Германија за потребите на болниците Асклепиј, чиј регионален шеф е тој.






– Знам дека со истиот авион пристигнуваат и медицински сестри за интезивна нега во други две големи болнички синџири, изјави тој. Филипинките ќе бидат во државата и пкрај сегашните строги имиграциски правила.

– Тие ќе слетаат со авион во Франкфурт во следните неколку денови, изјави Хофтбергер.

Поврзани содржини