Филипче: Зголемен е бројот на починати поради тешка форма на болеста

3,785

Во врска со тоа што сѐ уште имаме големи број на починати во земјата, министерот за здравство, Венко Филипче, одговори:

– Најголемиот број од нив се повозрасни пациенти, односно огромен процент имале поголем број на претходни здравствени хронични состојби. Во оделенијата за интензивна нега за овие пациенти. навистина сѐ се прави. Но, и по консултациите со анестеолозите, со интензивистите од Клиниката за инфективни болести и другите болници, за жал, имаме ваков број на починати поради тешка форма на болеста – изјави Филипче.






Иако е завршен скринингот кај вработените во градинките, рано е тие да се отворат .

– Можно е таму да се зголеми преносот на вирусот на децата и од од членовите на нивните семејства, а тоа може да предизвика дополнителен проблем. Најверојатно, откако ќе ја разгледаме  епидемиолошката состојба и бројките, одлуката за отварање на градинките ќе се носи понатаму – рече Филипче.

Според министерот, поригорозно спроведување на мерките ќе даде резултат.

– Многу настани се случија во изминатиов период, по што не се спроведе ниту контрола, немаше ниту санкции и оттука се новите заразени. Сведоци сме дека секој ден има настани коишто сега се забранети. Контролата  мора да биде поригорозна – рече Филипче.

За државниот карантин, то рече дека мерката е добра и ќе прати сигнал до сите оние кои не ги почитуваат мерките.

Поврзани содржини