Филипче: Засега не се заоструваат мерките во Куманово, ова е војна во која сите ја носиме одговорноста

1,058

Ова е една ситуација, борба, војна во која сите ние ја носиме одговорноста. Без свест и одговорност на граѓаните како позитивен инпут во борбата, тешко е да се спроведат сите одлуки и мерки на Владата – изјави денеска министерот Филипче, кој појаснуваше зошто во Куманово, нема да се воведат поостри мерки иако има пораст на бројот на заболени од новиот вирус, како што беа прогласени во Дебар.

Министерот  рече дека кога Дебар бил ставен во изолација, не биле уште објавени вонредните мерки  во земјата и повторно пелираше граѓаните од Куманово, како и сите други граѓани во земјата, да ги почитуваат сите мерки и препораки за земјата да се справи со ширењето на коронавирусот.






Засега не се размислува за засилување на мерките, a МВР и инспекторатите се постојано на терен и го контролираат спроведувањето на мерките.

– Се следи внимателно ситуацијата со бројот на заболени во Куманово и ширењето на коронавирусот, но засега нема потреба од дополнителни заострени мерки. Анализите, проценката на контактите на сите новозаболени, како тие контактирале со нивните примарни контакти укажуваат на тоа дека засега мерките не треба да се заоструваат. Ја пратиме ситуацијата секојдневно, случаите се анализираат, како и која е релацијата и местото на живеење. На терен интензивно работат епидемиолозите – одговори Филипче и додаде дека е можно е да се донесат и нови мерки, но не засега.

– Овие рестрикции во движењето, полицискиот час, одделувањето на двете ризични групи преку ден до 12 и после 13 часот,  се доволни мерки – изјави денеска министерот Филипче.

 

Поврзани содржини