Филипче загрижен: Ќе го вратиме карантинот во општини каде ќе има непочитување на мерките

1,509

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изрази загриженост поради растот на новозаболени од ковид-19. Тој најави дека ќе се дискутира на Комисијата за заразни болести следната недела за евентуално затворање на општини со карантински мерки каде што има голем број случаи.

– Загрижуваат информациите добиени од терен за непочитување на мерките поради што вчера се направени контроли за степенот на почитување на мерките во Тетово и во Штип. Во Тетово е констатирано дека не се почитува самоизолацијата, има генерално непочитување на мерките за носење маска и држење социјална дистанца. Во Штип има непочитување на правилото за транспорт, каде се возат вработени од сите конфекции не се почитува носење маски и не е регулиран капацитетот за возење. Во една конфекција има 17 заболени и 70 се во изолација – рече тој.






Филипче посочи на уште еден проблем а тоа е одбивање на соработка од страна на пациентите – одбивање да дадат точни податоци за контакти и адреси.

Новозаболените се во 4 скопски општини Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродором. Граѓаните, како што објасни тој, најчесто се заразуваат зашто се групираат без да носат заштитни маски.

– Огромен е бројот новозаболени е како резултат на непочитување на мерките за самоизолација. Тие се заразени во период кога имаше строги рестриктивни мерки за движење. Загрижува уште повеќе што има информации за граѓани од самоизолација се шетаат. Барам апсолутно поголема ажурност од МВР, поголема контрола и санкции. Јасно ќе порачам дека повторно ќе воведеме таргетирани рестрикиции согласно бројот на дијагностицираните. Поради стабилната состојба на здравствените капацитети сега нема потреба од тоа. Но, будно следиме што се случува и ќе анализираме. Одговорноста за враќање во нормала сега е на секој граѓанин на нашата земја. Жал ми е што некои луѓе ова не го разбираат. Огромна одговорност има на граѓаните. Занемарувањето на присуството на вирусот нема да ни помогне – рече тој и потсети дека мора да се носи маска, да се мијат рацете често, и да се држи физичка дистанца.

Процентот на зараза по тестирани во изминатите 14 дена изнесува 5,5 % вклучително и тестовите од скринингот. Капацитетот на болниците е исполнет 11 %, оздравени здравствени работнице се над 92 %. Инциденцата е 10,3 и е помала од пикот во април. Во 15 градови во кои биле регистрирани случаи, сега нема заболени. Во 6 града има до 5 активни случаи и тоа во Струмица, Виница, Кичево, Свети Николе и во Неготино.

Зголемениот број случаи доаѓа од познати кластери, но има и нови.

Филипче извести дека денеска добиле информација од Бугарија дека таа земја ќе ги отвори границите од 1 јуни за граѓаните на Македонија.

Поврзани содржини