Филипче: За секој пациент е направено сѐ што треба пред да се постави на респиратор и за време на третманот
Лекувањето пациенти во одделот за интензивна нега на респираторна машина, без разлика од која причина, е медицина во мало, и во неа се вклучени врвни експерти. Одговорно можам да кажам дека за секој еден пациент е направено сѐ што треба и во однос на стадиумите пред поставувањето во респираторна машина, и во однос на третманот додека се пациентите на респираторна машина. Сите врвни експерти во нашата држава се вклучени во лекувањето преку системот за консултација, па дури и физичко присуство – изјави министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во емисијата „Само вистина“, на Канал 5 Телевизија, соопштија од Министерството за здравство.
Можеби ќе ве интересира
Тој додаде дека и анестезиолозите по систем на ротација се присутни во одделенијата каде што се лекуваат пациентите од ковид-19, коишто се поставуваат на респираторна машина, тоа се експерти со големо искуство во ракувањето со овие машини, затоа што тоа бара и одредено познавање на самата машина, но и во типот на лекување.
– Тоа лекување на пациент во интензивна нега на респираторна машина без разлика од која причина е – ќе кажам – медицина во мало. Тука се обединети знаења и искуства од многу специјалности – посочи Филипче.
Инаку, од почетокот на епидемијата досега, неколку болни од ковид-19 коишто беа на респиратор во ГОБ „8 септември“ се излекувани, додека од другите државни болници каде се лекуваат овие овие болни досега нема излекуван од коронавирусот којшто бил приклучен наапарат за дишење.
Министерот вчера најави и дека се подготвуваат уште 16 мини инфективни одделенија во земјата и дека здравствениот систем веќе два месеца интензивно се подготвува за есенските месеци со зајакнување на постојните јавно-здравствени установи за третман на пациентите со коронавирус. Веќе е инсталирана модуларна болница до Инфективната клиника.