Двете мали бебиња на Инфективната клиника се стабилни и бебето на четиримесечна возраст и две и пол годишнотодете се стабилни. Бебето примаше посебна поддршка на крвта, поддршка и појачување на состојбата на тромбоцидната активност, информира министерот за здравство Венко Филипче.
Тој рече дека е завршена постапката за набавка на респиратори.
– Од девет економски оператори два ги задоволија усовите за рокот и критериумите. Еден дел од респираторите ќе стигнат за седум дена, а другите од вкупно 31 во текот на сделните 30 дена и со ова значително ќе го подобриме моменталниот капацитет на ресираторните машини, предс се во институциите коишто се предвидени за лекување на пациенти со ковид-19 – информира Филипче.
Тој рече дека го радува што 42 пациенти се оздравени. Но, како што рече за жал , има пациенти кои лошо завршуваат и покрај напорите на медицинските работници , од кои четворица на Инфективната клиника и двајца во болницата 8-ми Септември.
За прв пат има еден потврден случај во Кичево, а вкупната бројка е 908 лица , 9262 теста се направени, а во последните 24 часа 710 теста.