Филипче за донацијата вакцини од Србија: Ниту една компанија не сака нивните продукти да се препродаваат

727

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека компаниите кои произведуваат вакцини против ковид-19 не сакаат нивните продукти да бидат препродавани. Тоа, според него е причината зошто денеска беше откажано примопредавањето на фајзеровите вакцини од Србија.

– Инсистираат на тие доверливи и директни договори со државата, да се избегнат вообичаените процедури кои фармацевските компании ги имаат преку локалните компании, веледрогерии. И претпоставката е дека ниту една компанија не сака да се најде во ситуација да некој нејзин продукт се препродава во некој регион во светот и затоа тоа е многу строг мониториран и контролиран процес – вели Филипче за ТВ 21.






Српската премиерка Ана Брнабиќ соопшти дека сѐ е подготвено за Србија да ѝ ги отстапи вакцините на Македонија, но се чека одобрување од компанијата „Фајзер“ за вакцините да бидат пренаменети за македонскиот пазар.

Поврзани содржини