Филипче за Дојче веле: Полицискиот час ќе се скрати на почетокот на мај

Рестрикциите  ќе се укинуваат постепено, ќе се скрати полицискиот час, засега не е одлучено дали ќе важи и за викенд. Сепак, мора да се има предвид дека животот нема да се врати во нормала со иста динамика и покрај попуштање на мерки, вели министерот за здравство.

7,326

Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за Дојче веле најави дека се размислува постепено да се намалуваат рестриктивните мерки, но точно од кога тоа ќе се случи ќе се разгледува од следната недела, кога Комисијата за заразни болести ќе ги сумири бројките на новозаразени и ќе ги види ефектите од двата претходни викенди во карантин.

– На добар пат сме на почетокот на мај да почнат да попуштаат рестриктивните мерки. Рестрикциите ќе се укинуваат постепено, ќе се скрати полицискиот час, засега не е одлучено дали ќе важи и за викенд.  Сепак, мора да се има предвид дека животот нема да се врати во нормала со иста динамика и покрај попуштање на мерките – рече Филипче.






Тој рече дека прво ќе се олабават мерките кај економските оператори, фабриките, рестораните, возилата за јавен превоз, но прв и клучен услов ќе биде почитување на физичка дистанца во процесот на нормализација на животот.

– Тоа е потребно за да не се соочиме со нов, нагол пик, што не е исклучено да се случи ако не се почитуваат мерките по попуштање на рестрикциите – нагласи министерот за здравство.

На прашањето, дали на своите граѓани тој ќе им препорача годинава да не планираат летен одмор, Филипче рече:

– Многу е рано тоа да се каже!

Поврзани содржини