Филипче: Вучиќ беше хоспитализиран пред осум дена

Министерот упати сочувство до семејството на познатиот водител.

2,137

Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на одделението за интензивна нега, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, посочува Филипче, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот.






„Упатувам искрено сочувство до семејството и блиските“, напиша Филипче.

Поврзани содржини