Филипче: Врвот на болеста допрва доаѓа, помалиот број нови случаи е поради помалку тестови за празниците
Намалување на бројто на новозаболени лица со ковид-19 – тренд што е забележан во последните два дена , не значи дека е зад нас врвот на епидемијата со коронавирусот. Врвот на болеста допрва нè очекува и тоа овие недели до крајот на април и во почетокот на мај – изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој појасни дека помалиот број на пријавени случаи е поради тоа што се намалил бројот на направени тестирања за време на празниците.
– Очекувано беше дека ќе се намали бројот на тестови за време на празниците. Минатата недела имаше друга варијација – односно исклучително голем број позитивни тестови, а епидемиолозите сметаат дека тоа е само варијација. Сè уште не сме во период кога пикот е поминат, па не може да очекуваме да се намалува. бројот на пријавени случаи во повеќе денови – појасни Филипче.
Причина за поголем број позитивни случаи во тој период бил пристапот на лицата во самоизолација кои развиле симптоми на болеста.
И покрај најавата за олеснување на дел од мерките, а кога точно тие ќе почнат да се спроведуваат во целата земја ќе реши утре Владата, но министерот не ја исклучи можноста од повторно воведување поостри мерки, доколку состојбата тоа го наложува.