Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на својот фејсбук профил истакна дека е поставен системот со модулите во модуларната маневарска болница до Инфективната клиника. За најкраток временски рок, како што појасни, дуплирани се капациентите на установата.
„Го поставивме системот со модулите во модуларната маневарска болница до Инфективната клиника. За најкраток временски рок ги дуплиравме капациентите на установата. Со финансиска поддршка на Швајцарската амбасада набавивме и поставивме „монтажни модули“, каде се сместени простории за болнички кревети, амбулантски и тријажен простор, соби за одмор на персонал, тоалети за пациенти и персонал, гардеробери и соби за состаноци“, напиша Филипче.
Тој појасни дека целата оваа структура е поврзана со „топла врска“ со зградата на Инфективната клиника, а во периодот кој следува ќе се доопреми и со потребната немедицинска опрема.
„Ја амортизираме евентуалната оптеретеност на Клиниката и даваме можност на медицинскиот персонал соодветно да ги распореди сопствените ресурси во борбата за превенција и заштита од коронавирус“, пишува министерот Филипче на фејсбук.