Филипче: Во Македонија се детектирани 6-7 мутации, но не и на вирусот од Англија

Ова се сосема различни мутации, кои што се откриен во Србија и во Швајцарија - вели министерот.

1,252

Министерот за здравство, Венко Филипче, по посетата на Институот за Судска медицина каде денеска СЗО донираше лабораториска опрема, одговарајќи на новинарско прашање дали и кај нас има појава на новиот сој на коронавирусот, каков што има во Велика Британија, рече дека досега таков не е детектиран.

Сепак, министерот истакна дека се детектирани други мутации на коронавирусот.






– Од летото досега, во лабораторијата на МАНУ се детектирани шест-седум типа, со мутации како што биле и во Британија. Но, не се работи за истиот, туку за сосема различен, што е откриен во Србија и во Швајцарија – истакна Филипче.

Поврзани содржини