Министерот за здрвство, Венко Филипче преку Фејсбук објави дека коронавирусот го нема во мајчиното млеко и дека заболените родилки може слободно да ги дојат својте бебиња.
– Досега вирусот не е најден во примероци на амнионска течност или мајчино млеко. Жените со ковид-19 можат да дојат ако сакаат. Тие треба:
– Да практикуваат респираторна хигиена за време на доењето така што ќе носат маска таму каде ги има на располагање;
– Да ги мијат рацете пред и после допирање на бебето;
– Рутински да ги чистат и дезинфицираат површините што ги допреле.
Блискиот контакт и рано започнатото ексклузивно доење му овозможува на бебето да напредува, пишува Филипче.