Филипче во „Детектор“: Ограничување ќе има за лицата над 65 години, но и за децата до 18 години

Тој рече дека новиот пакет мерки за дополнителна заштита е веќе подготвен и дека уште утре ќе биде предложен на седница на Влада.

2,138

Ние имаме предвид и друг пакет мерки кои интензивно се подготруваат и постепено ќе бидат воведувани, рече министерот за здравство Венко Филипче во денешното гостување во емисијата „Детектор“ на Сител.

Тој рече дека новиот пакет мерки за дополнителна заштита е веќе подготвен и дека уште утре ќе биде предложен на седница на Влада.






– Ги имаме предвид двете најкритични групи. Во најголем ризик се ставени постарите луѓе и оние кои имаат хронични болести, како и младите луѓе кои се преносители на болеста. Ќе предложиме да биде дозволено ограничено движење на неколку часа во денот. Доволно е само да се појде до продавница или до аптека. Младите до 18 години исто така ќе бидат ограничени во движењето затоа што тие се најчестите преносители на вирусот – рече Филипче.

Министерот додаде дека сериозно се размислува и за зголемување на траењето на полицискиот час.

– Размислуваме да го зголемиме и траењето на полицискиот час во земјава. Такво зголемување може да биде воведено за викендите кога луѓето сакаат да го искористат времето и да шетаат – рече Филипче.

Тој уште еднаш повтори дека во однос на многу земји во светот, ние имаме нешто поблага крива на порастот на случаите.

– Секако, тоа може да се смени, но ние сме подготвени да го амортизираме ударот. Овие мерки што сега се на сила верувам дека ќе дадат дополнителни позитивни резултати – рече Филипче.

Поврзани содржини