🎥 ФИЛИПЧЕ ВО АТИНА ПОТВРДИ ДЕКА САМО НА БОЦКАЊЕ МИСЛИ Првата „вакцина“ за НАТО сме ја примиле, втората за ЕУ не ја сакаме
Претседателот на СДСМ го испофали Преспанскиот договор и се пожали дека во Скопје имало десничарска влада која не сакала да нè води во ЕУ.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на конференција во Грција кажа дека Пресанскиот договор решил голем проблем помеѓу Северна Македонија и Грција и ѝ овозможил на Македонија да стане земја членка на НАТО, но, за жал, не сме успеале да станеме дел и од ЕУ.
– Но, сега со земјата вледеела десничарска влада која не сака да ја турка земјата напред во евроинтегративниот процес. Тоа е како вакцина која ја примивме со НАТо, но, ете сега, не ја примивме втората доза – рече Филипче.
ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека по стапките на Зоран Заев, Венко Филипче од сред Грција ја кодоши и ја напаѓа Македонија.
„Кога мислевме дека од Заев нема полошо, Филипче е тука да не демантира и да ни покаже зошто мора да се поразат овие квази политичари кои ја мразат сопствената држава и ги распродаваат националните интереси и не смее да се дозволи да помислат дека некој ќе им даде нова шанса да ги повторат предавствата.
И сето ова се случува од Грција, од каде фирмата која му го купи џипот на Венко Филипче купуваше јаглен.
Џип и фирма за кои Филипче со денови молчи и не дава одговори – како и зошто му купиле џип, и како и зошто 9 милиони завршиле на сметка на фирма на Заеви во Бугарија“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.