Филипче: Вирусот ќе биде исчистен кога ќе нема нови случаи по два циклуса

Механизмот е да по два циклуса на инкубација, практично сметаме дека вирусот повеќе не е никаде околу нас. Значи, тие кои биле заболени целосно оздравеле, а го нема ниту, пак, на површините и тоа е таа логика зошто се препорачува социјална дистанца - истакна министерот Филипче. 

2,592

Во врска со тоа до кога ќе трае вонредната состојба со коронавирусот и дали може состојбата да има позитивно сценарио, министерот за здравство Венко Филипче, денеска  одговори:

– Искрено верувувам дека ќе има позитивно сценарио. Ограничувањето на социјалните контакти е нешто што веруваме дека ќе го запре патот на ширење на вирусот. Механизмот е да по два циклуса на инкубација, практично сметаме дека вирусот повеќе не е никаде околу нас. Значи, тие кои биле заболени целосно оздравеле, а го нема ниту, пак, на површините и тоа е таа логика зошто се препорачува социјална дистанца – истакна министерот Филипче.






Тој повторно апелираше на мерките

– Граѓаните мора да ги почитуваат сите овие мерки, а нема движење надвор и нормално, заштита на ризичните категории – нагласи министерот.

Филипче додаде дека мерките за хронично болните пациенти кои според дијагнози се ослободени од работните обврски –  продолжуваат и по 27. март.

За набавката на респираторни машини постапката ќе започне повторно.

Поврзани содржини