Филипче: Велигден ќе го поминам сам и целосно изолиран од семејството

Да се биде дома, порача Филипче, значи да се направи разлика и да се спасат човечки животи и да се помогне на здравствените работници, кои овој празник ќе го поминат на работните места во борба за секој живот.

576

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција порача дека годинава Велигден одлучил да го помине сам изолиран од семејството, со цел да ги заштити најблиските.

– Секој од нас носи огромна одговорност и за тоа мора да сме сите свесни. Празничните собирања оваа година треба да изостанат. Тоа е инвестиција во најважното, во здравјето. Тоа е единствениот начин со кој можеме сите како поединици да дадеме свој придонес во борбата со вирусот кој го смени животот на милиони луѓе ширум светот – изјави Филипче.






Да се биде дома, порача Филипче, значи да се направи разлика и да се спасат човечки животи и да се помогне на здравствените работници, кои овој празник ќе го поминат на работните места во борба за секој живот.

Поврзани содржини