Филипче: Велес има помалку заразени од Прилеп и од Куманово, карантинот и натаму важи

962

Велес не е ново жариште за коронавирусот, таму инциденцата е помала и од Куманово и од Прилеп. Сите случаи се поврзани со веќе докажаните и се знае кластерот  и не е некоја неконтролирана трансмисија и не е потенцијално жариште, имаме увид  – одговори министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

– Како што најавив денеска, во ЦЈЗ присутни се како подршка и за дополнителна стручна консултација луѓе од Институот за јавно здравје и Државниот здравствен инспекторат за анализа на овие случаи. Разговарав и со директорот во болницата во Велес. Така што целокупната ситуација во Велес е под контрола – одговор Филипче во врска со порастот на бројот на нови случаи во овој град.






За отварање на аеродромите, Филипче рече дека е се уште рано да се отворат и дека важи карантинот од 14 дена по враќањето на граѓаните од странство.

Поврзани содржини