Филипче: Веќе се обезбедени 833.000 вакцини против ковид-19 за 400.000 граѓани

Филипче повтрди дека веќе се обзбедени 833.000 вакцини за преку 400.000 граѓани преку „КОВАКС“ механизмот и рече дека овие вакцини ќе ги добиваат согласно планот за дистрибуција.

587

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче и претседателка на Комитетот за имунизација Александра Грозданова беше соопштено дека се започнати интезивни подготовки со цел да земјата да има ефикасен процес на вакцинација.

Министерот најави дека идниот период ќе имаат чести состаноци и ќе ја информираат јавноста.






Филипче повтрди дека веќе се обзбедени 833.000 вакцини за преку 400.000 граѓани преку „КОВАКС“ механизмот и рече дека овие вакцини ќе ги добиваат согласно планот за дистрибуција.

– Веќе доставивме барања за директни договори до две светски компании за нивните вакцини, станува збор за „АстраЗенека“ и „Фајзер“, и после нивните иницијални одговори ги чекаме и дефинитивните потврди дека ќе можеме да набавиме директно од компаниите. Третиот механизам е преку земјите членки на ЕУ, од нивните билатерални договори со компаниите. Официјална понуда добивме од Полска и Грција и аплициравме за 800.000 дози – вели министерот.

Филипче додаде дека имале состаноци и со економски оператори за транспорт на вакцините. На почетокот на јануари ќе стигнат фрижидерите во кои на минус 70 степени ќе се чуваат вакцините. Како приоритет ќе се вакцинираат здравствените работници кои работат во ковид центрите, оние кои земаат брисеви, хронично болните, повозрасните граѓани.

– Добивме потврда од една Американска фондација за фрижидери потребни за чување на вакцините кога тие ќе стигнат на почетокот на јануари, истакна Филипче.

Министерот испрати порака дека епидемијата е се уште многу силна со многу голем број на заразени.

– Имаме период на семејни собири и сите да се воздржиме од такви прослави и сигурен сум дека следната година новогодишните празници ќе ги славиме нормално – додаде Филипче.

Поврзани содржини