Филипче в четврток ќе се тестира повторно на ковид-19

799

Втор тест за прусуство на корона вирусот министерот за здравство Венко Филипче ќе прави в четврток , потврди денеска Филипче, одоварајќи на новинарско прашање.

– Две недели истекуваат в среда, односно в четврток од присуството на состанокот во Куманово – рече Филипче.






Првиот тест за ковид-19 на Филипче е негативен, а според протоколот, ќе треба да се направи и втор тести тоа 14 дена по сомнежот за ризичен контакт. Освен Филипче, втор тест ќе треба да направат и премиерот Оливер  Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, како и министерот за образование, Арбор Адеми и неколку други функционери, како и новинари и сниматели

Тие во предминатата среда присуствуваа на седницата на Кризниот штаб во Куманово и на прес-конференција, а по која градоначалникот на Куманово,  Максим Димитриевски, обелодени дека е позитивен.

Пред два дена, Димитриевски објави дека резултатите од последните анализи на ковид-19 се негативни.

ДСЗИ донесе решение за случајот во Куманово.

Поврзани содржини