Филипче: Уште утре е можно да стигнат вакцините од Србија

Министерот за здравство вели дека станува збор за Фајзеровата вакцина која заедно со Модерна е единствената која ги има сите потребни сертификати од најголемите регулатори, европската ЕМА и американската ФДА ,.

497

Почнати се разговори за техничките детали и точното време на испорака на 8000 вакцини кои ги понуди Србија, изјави министерот за здравство Венко Филипче за Канал 5 телевизија.

– Најавата засега е дека тоа има шанси да се случи уште утре, но ќе видиме како ќе течат овие разговори и административните постапки во однос на самиот транспорт, приемот и пречекот на вакцините. Станува збор за Фајзеровата вакцина која заедно со Модерна е единствената која ги има сите потребни сертификати од најголемите регулатори, европската ЕМА и американската ФДА – изјави Филипче.






Тој додаде дека сите вакцини коишто сега се достапни на пазарот се развиени на безбедна платформа и веќе се аплицираат во некои земји.

Во однос на чувањето на вакцините, министерот Филипче рече дека близу 100 илјади вакцини може да се складираат во еден фрижидер.

– Во таа смисла, фрижидерите кои ги најавувавме како донација се пристигнати, завршуваат административните постапки околу царинењето. Но, и сега во овој момент можеме да сместиме вакцини во постојните фрижидери кои ги имавме за друга намена од лабораториите на Институтот за трансфузиона медицина – рече Филипче.

Поврзани содржини