Филипче тврди дека нема недостаток на клексан
Во меѓувреме, онаму каде што требаше, се даваше друга форма на хепарин. Така што криза во смила на недостаток нема, туку зголемена потрошувачка - истакна Филипче.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека нема недостиг на клексанот кој се користи како антикоагулантна терапија, иако е зголемена потрошувачката за него.
Одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Министерството за здравство, Филипче рече дека потрошувачката на клексан не е зголемена само кај нас, туку насекаде и оти се набавени доволно количини кои се дистрибуирани до сите болнички установи.
– Зголемена е потрошувачката на клексан насекаде. Така и кај нас, компанијата резервираше поголеми количини и тие се дистрибурани до сите болнички установи. Во меѓувреме, онаму каде што требаше, се даваше друга форма на хепарин. Така што криза во смила на недостаток нема, туку зголемена потрошувачка – истакна Филипче.