Филипче: Тестирани ќе бидат сите пациенти и сите вработени во Одделот за онкологија
Разговаравме да извршиме поголемо скринирање на Одделот за онкологија, а тоа значи дека ќе им биде направен тест на сите пациенти и на целиот медицински персонал - рече Филипче.
Освен заразениот лаборант од Детската клиника во Скопје, позитивна на коронавирусот е и медицинска сестра на Одделението за имунологија, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
– На Детската клиника во Скопје, освен заразениот лаборант, позитивна на вирусот е и медицинска сестра, а постојат индиции дека ковид-19 е донесен од надвор. Во таа смисла ние разговаравме да извршиме поголемо скринирање на Одделот за онкологија, а тоа значи дека ќе им биде направен тест на сите пациенти и на целиот медицински персонал – рече Филипче.
Во поглед на информациите дека во Дебар има двајца нови позитивни пациенти, министерот рече дека нивните резултати од тестирањето сè уште не се потврдени.
– Во Дебар не се потврдени тестовите за евентуално нови позитивни пациенти. Има двајца сомнителни пациенти, но нивните резултати не се потврдени. Тоа е процес кој треба да се повтори, односно ќе треба повторно да се тестираат – рече Филипче.