Филипче: Тешко дека вирусот ќе исчезне, го избравме идеалниот модел за ковид-19

Во однос на препораките на СЗО што е тоа што сега како резултат доаѓа во Шведска, немање рестрикции со цел да се создаде имунитет е исклучително ризично да се препорача и направи. Смртноста во Шведска е многу поголема - околу 12 отсто и ми се чини дека е во првите пет земји во светот според просекот на починати лица. И дискутабилно е дали може да се препорача како добар модел - рече Филипче.

696

Чекаме уште неколку денови, се  проценува добро бројот на пациенти, за да се осигураме дека ќе биде оволку  мал бројот на дијагностицирани пациенти за да кажеме со сигурност дека епидемијата полека стивнува. Факторот на трансмисија на вирусот во нашата земја е под единица – рече денеска  министерот за здравство Венко Филипче.

Во врска со тоа како ја коментира студијата од Сингапур  дека вирусот ковид-19 ќе исчезне до 16 јуни годинава, министерот Филипче одговори:






– Проекциите на многу земји во светот укажуваат дека вирусот ќе остане секако и дека, во случај да не се почитуваат мерките, и да се повторат оние предуслови во кои може да се зголеми преносот, па дури и од несвесните асимптоматски носители, може да имаме нови и нови случаи. А тоа практично не се студии, бидејќи не се базираат на детални анализи, туку се проценки како ќе се однесува вирусот. Во нашите дискусии со стручњаците  епидемиолози, инфектолози,  многу тешко е да се верува дека вирусот може да исчезне –  смета Филипче.

А во врска со тоа дека од СЗО ја посочиле Шведска како добар модел за справувањето со коронавирусот, Филипче истакна дека ние сме го избрале идеалниот модел за нашата земја и нашиот здравствен систем, и оти сега се гледаат резултатите од тоа, односно дека постепено се намалува бројот на дијагностицирани пациенти и бројот на тестови.

– Пристапот да се тестираат симптоматски пациенти, да се изолираат нивните контакти мислам дека даде резултат. Секоја земја избира автентичен систем, секоја земја има свои карактеристики на здравствениот систем. Во однос на препораките на СЗО што е тоа што сега како резултат доаѓа во Шведска, немање рестрикции со цел да се создаде имунитет е исклучително ризично да се препорача и направи. Смртноста во Шведска е многу поголема – околу 12 отсто и ми се чини дека е во првите пет земји во светот според просекот на починати лица. И дискутабилно е дали може да се препорача како добар модел – рече Филипче.

 

Поврзани содржини