Филипче: Тешко да се каже зошто е таква ситуацијата во Куманово

Од епидемиолошки аспект се практикува само тестирање и самоизолација. Се надевам дека и полицискиот час ќе вроди позитивен резултат - рече Филипче.

10,028

Со колегите се обидовме да одговориме на прашањето зошто токму во Куманово е таква состојбата со коронавирусот, но одговор не пронајдовме, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешниот онлајн-брифинг со новинарите.

– Процентуално, по глава на жител, во Куманово се регистрирани повеќе заразени од Ковид-19 отколку во Скопје. Ние се обидовме да пронајдеме одговор на прашањето зошто е тоа така и дали актуелната состојба може да се препише на некаков поинаков начин на комуникација помеѓу граѓаните во Куманово. Но, навистина е тешко да се каже зошто е таква ситуацијата во овој град. Од епидемиолошки аспект се практикува тестирање и самоизолација. Се надевам дека и полицискиот час ќе вроди позитивен резултат – рече Филипче.






На прашањето колку лекари се заболени и дали државата има доволно епидемиолози и инфектиолози, министерот соопшти дека досега се заразени вкупно 52 здравствени работници.

– Позитивни на коронавирусот во моментов се 52 здравствени работници. Во овој момент не стравуваме дека некоја институција ќе остане без соодветен кадар – рече Филипче.

Поврзани содржини