Филипче: Стоматолозите треба да дадат целосна услуга на пациентите

Тој појасни дека на почетокот на пандемијата доднесени се мерки со кои се опфатени стоматолозите.

795

Секој кој бара стоматолошка услуга, апсолутно треба да ја добие. Стоматолошката клиника е отворена 24 часа. Таму има дежурна екипа, и донесена е одлука секој пациент кој има итна потреба мора да биде примен во ординацијата, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Секој пациент кој има итна потреба мора да биде примен во ординација и таа да биде санирана. Не да се дадат лекови туку да се направи стоматолошка интервенција – рече  Филипче.






Тој појасни дека на почетокот на пандемијата доднесени се мерки со кои се опфатени стоматолозите.

– Согласно барањето на стоматолозите поради тоа што тие се една од најизложените струки за пренос на вирусот, поради тоа што се работи во оралната празнина, ги донесовме овие мерки. Меѓутоа планираме како следни чекори, како дел од Комисијата за заразни болести да се модифицира и оваа мерка – рече Филипче

 

Поврзани содржини